Балотели во свој стил си поигруваше со играчите на ПСЖ


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Откако настапува за француската Ница, Марио Балотели повеќе не е во центарот на вниманието кога е во прашање европскиот фудбал, сепак, во неделниот натпревар против ПСЖ, Марио повторно беше во центарот на вниманието поради еден потег карактеристичен само на него.

На почетокот на својата кариера Балотели често беше на мета на противничките дефанзивци, кои неретко го провоцираа но Италијанецот правеше нешто несовесно и на тој начин ќе заработеше исклучување.

Меѓутоа, сега се чини дека Балотели ја менува улогата.

Во моментот кога Ница имаше предност од 2:0, Балотели се одлучи малку да ги испровицира противниците, задржувајќи време и да се поигрува со нив блиску корнер знамето, иако во тој момент до крајот на натпреварот до крајот на натпреварот имаше пола час.

Блез Маутиди наседна на потегот на Балотели, па направи непотребен прекршок, и на Ница обезбеди слободен удар од опасна позиција.

Трошење на време, иако остана уште пола час игра сигурно не беше најбистра идеја на Марио Балотели, но Ница на крајот сепак славеше со резултат 3:1.