„Сакаме во Јувентус да го донесеме Шик!“

Потпретседателот на Јувентус, Недвед призна дека го сака Шик.

Чешкиот играч од редовите на Сампдорија ја воодушеви јавноста во својата дебитантска сезона во Серија А и досега постигна 11 голови, а фактот дека во договорот има клаузула од 25 милиони евра би привлека голем број гиганти.

„Можам да потврдам дека сме заинтересирани за Шик и дека би сакале да го донесеме во тимот. Се зависи од него и неговиот агент. Тој е одличен напаѓач и има се што му е потребно за да стане најдобар.“

Шик во Сампдорија стигна минатото лето од Спарта. Тој во својата кариера играше уште во Бохемианс 1905.