„На полувремето требаше да водиме со 3 голови“


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Тренерот на Јунајтед, Мурињо по натпреварот со Селта изјави дека е задоволен поради победата.

Јунајтед победи со 1:0 против Селта во првиот ½-финален натпревар во ЛЕ.

Мурињо мисли дека неговите играчи треба да постигнат повеќе голови и со тоа да го решат веднаш прашањето за победникот.

„Задоволен сум со настапот на фудбалерите, но не со резултатот. На ½-време требаше да водиме со 3 или 2 голови разлика, а вака резултатот е отворен.“

„Игравме доволно добро да го решиме победникот, но мораме да играме на Олд Трафорд. Се надеваме дека навивачите сакаат да победиме, затоа што кога тие го сакаат тоа, ние победуваме.“

Финалето во ЛЕ се игра на 24-ти мај во Стокхолм.