Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Роналдо нема да игра во 36-то коло во Примера против Гранада во сабота од 20:45.
Зидан продолжува да ги одмора фудбалерите, затоа што во среда ги очекува натпревар против Атлетико, но сега постои и дополнителна причина, а тоа е дека на Роналдо му недостига еден картон за да биде суспендиран.
Зидан поради повреда нема да може да смета ниту на Карвахал, Бејл и Пепе, а најверојатно ниту на Варан. Зидан исто така нема да смета на Навас.
„Многу разговарам со Кристијано. Тој знае и добро разбира и досега како секогаш одигра 50-60-70 натпревари по сезона. И тој знае дека треба човек да се одмори.“
Реал Мадрид е во моментов на втората позиција со 81 бод и натпревар помалку од Барселона која има ист број бодови.