Билиќ заминува од Вест Хем и ќе има плата каква што сака?


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Славен Билиќ би можел ова лето да замине од Вест Хем.

Билиќ и Вест Хем имаа многу турбулентна сезона во ПЛ. Иако многумина очекуваа дека ќе се борат за ЛЕ, сепак на крајот тие се бореа за опстанок, а по се изгледа дека конечниот спас го најдоа со победата против Тотенхем.

Иако на Билиќ моментално не му е загрозено местото во тимот, тој сепак би можел да замине во Фенербахче. Тие се подготвени да му дадат плата колку што сака голема.

Да потсетиме, тој е добро запознаен со ситуацијата во турскиот фудбал, затоа што 2 години го водеше Бешикташ.