„Педроса е одличен возач, може да се бориме за титула“

Возачот на Јамаха, Валентино Роси изјави дека очекува возбудливо продолжение на сезоната.

Тој додаде дека најголеми ривали за титулата ќе му бидат Вињалес и Маркез, а не треба да се отпише ниту Педроса.

Роси води во генералниот пласман со 62 бодови, 2 повеќе од Вињалес, односно 4 од Маркез.

„Хонда направи големо враќање, доминираа цел викенд. Тоа што загрижува е фактот дека тие беа многу добри додека ние се мачевме. Педроса оваа година е во врвна форма, а од секогаш сметав дека се едни од кандидатите.“

Наредната трка на програмата е на 21 мај, која се вози за ГН на Франција.