Интер го сака џокерот на Зидан


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Нероазурите го фаќаат залетот на летниот пазар.

Според италијанските медиуми, Интер е заинтересиран за фудбалерот на Реал Мадрид, Лукас Васкез.

Интер сака да ја засили офанзивната линија, Васкез би можел да биде одличен на десната страна и заедно со Перишиќ и Икарди да направат фантастично трио.

Васкез минатата сезона стигна во Реал Мадрид од Еспањол на инсистирање на Бенитез.

Кај Зидан играше одлично, на крајот на сезоната одигра слаби натпревари, но секогаш одговараше на вистинскиот начин.

Сепак, во случај на понуда на Интер јасно е дека Лукас ќе има шанса да биде стандарден.