„Шансите против Јувентус се 50-50“


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Роналдо го најави натпреварот против Јувентус.

Тој верува дека Реал може да стигне до својата трета европска титула во последните 4 години, но не се охрабри да каже дека неговиот тим е фаворит.

„Знам дека се одличен тим и тоа веќе го докажаа, но шансите во финалето се 50-50. Ќе бидеме комплетни и мораме да одиме на трофејот.“

„Јас лично секогаш сум подготвен за важните натпревари и посебно се подготвив за крајот на сезоната, па ќе видиме како ќе заврши.“

Роналдо оваа сезона постигна 35 голови на 42 натпревари и тоа не е толку импресивно, но на натпреварите против Баерн и Атлетико покажа на кое ниво е секогаш кога е потребно.