Мурињо одлучи кој голман ќе брани во финалето на ЛЕ


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Фудбалерите на Јунајтед се пласираа во финалето на ЛЕ откако беа подобри од Селта Виго.

Тимот на Мурињо победија со вкупен резултат од 2:1 и така се пласираа во финалето на ЛЕ каде што ќе играат против Ајакс.

Во ова натпреварување на голот на Јунајтед беше Ромеро, а многумина ги интересираше дали Мурињо ќе го стави Де Геа да брани во финалето.

Мурињо не сакаше да избегне одговор на ова прашање, па јасно кажа дека нема причина да му го направи тоа на Ромеро кој е прв избор во ова натпреварување.

„За мене нема дилеми. Имам два фантастични голмани. Ако биде се како што треба, Ромеро ќе брани во финалето. Нема смисла да го оставам на клупата кога бранеше во сите натпревари.“