Нова несреќа во Бразил! Судбината на Чапекоенсе му се случи и на тимот на Васко де Гама!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младинскиот тим на Васко Де Гама се враќаше од натпреварот против Фрибругенсе кога им се случи сообраќајна несреќа.

Според информациите повредени се 17 луѓе додека 5 се наоѓаат во критична состојба.

До несреќа дошло по откажување на сопирачката на автобусот во кој се наоѓале 30-на луѓе, по што автобусот удрил во кампин и се превртел.

Во овој момент не се знае колку млади фудбалери на тимот се во тешка состојба, а според некои информации Даглас Карваљо е најтешко повреден.