Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колку и да е добар фудбалер, би добил пеколен дочек во Торино.
Можеби е само шпекулација и ништо повеќе, но цела Италија зборува за тоа.
Наинголан останува желба на Јувентус, а во свое време беше блиску до тимот кога го носеше дресот на Каљари. Замина во Рома, а се прослави со изјавите против Јуве.
Сепак, медиумите тврдат дека Јувентус би сакал да го види Наинголан во нивниот тим.
Тој е одличен пријател со Пјаниќ, а Јувентус има 50 милиони евра колку што бара Рома за овој фудбалер, кој го сака и Конте. Сепак, се зборува дека тој би сакал да остане во Италија.
Преминот во Јувентус спаѓа во научна фантастика, а навивачите на Јувентус спречија во свое време да дојде Станковиќ во тимот, а токму поради страв од бојкот, Ањели би можел да се откаже сега и од Наинголан.