Конте веќе го подготви првото засилување?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот стручнак на клупата на Челси Антонио Конте го подготви првото засилување за наредната сезона, пренесуваат англиските медиуми.

После што со Челси ја освои титулата пред две кола, се чини дека Конте нема многу да го менува составот, односно играчкиот кадар во текот на летниот преоден рок.

Една од позициите која што треба да ја „подобри“ е десен бек, а поради тоа што желба на Конте е фудбалерот на Тотенхем Кајл Вокер, пренесува Мирор.

Вокер веќе долго време се поврзува со заминување од Тотенхем, а освен Челси заинтересирани се и Манчестер Сити и Јунајтед.

Вокер во оваа сезона одигра 33 меча во Премиер лигата и запиша шест асистенции.