Тери го менува клубот, но останува во ПЛ?

Легендарниот капитен на Челси, Џон Тери за овој тим ќе одигра уште само еден натпревар.

Челси во последното коло на свој терен игра против Сандерленд и по завршување на тој дуел, Тери ќе се поздрави со навивачите и ќе ја заврши ерата која траеше 22 години.

Познато е дека Тери по завршување на сезоната ќе замине од Челси, а по се изгледа дека ќе остане во ПЛ, односно ќе се пресели во тимот на Свонси.

Менаџерот на тој тим, Клемент изјави дека Тери ќе го повика во Свонси и ќе види дали ќе сака да се пресели 36-годишниот дефанзивец во нивниот тим.