Гвардиола сака играч на Вест Хем?

Пеп Гвардиола по секоја цена го сака во својот тим Рис Оксфорд, пренесуваат англиските медиуми.

Англиските медиуми во своите денешни изданија пренесуваат дека младиот фудбалер на Вест Хем, Рис Оксфорд, е на мета на Манчестер Сити.

Пеп Гвардиола по секоја цена го сака овој млад играч за врска кој има само 17 години и кој веќе дебитираше во минатата сезона во дресот на Вест Хем во најсилната лига во Англија.

Сега „Скај Спорт“ пишува дека овој играч за врска е блиску до Манјчестер Сити имајќи во вид дека понудиле околу 15 милиони фунти, колку што Вест Хем го цени овој млад фудбалер.

Интересно е дека Вест Хем веќе одби една понуда во ова лето за Оксфорд и тоа од страна на Ред Бул Лајпциг кои понудија 10 милиони фунти.