Почина поранешниот Мото ГП шампион Ники Хајден!

Американскиот возач Ники Хајден почина од последиците по сообраќајна несреќа.

Хајден го удри автомобил додека се возел на велосипед по што доби тешки повреди на градниот кош и главата. По операцијата докторите одлучија 35-годишниот возач да остане во индуцирана кома, а 4 денови подоцна почина.

Болницата во Чезена соопшти дека Хајден починал, по што минатата недела доживеа тешка повреда на главата.

Хајден ја освои титулата во Мото ГП во 2006-та година.