Шродер одлучи да игра за Германија ова лето!

Кошаркарот на Атланта, Шродер одлучи да игра за Германија на Евробаскетот.

Дирк Новицки се повлече, па Германија ќе ја води Шродер.

„Дефинитивно ќе играм ова лето. Слушањето на германската химна е добро чувство. Не сум ја слушнал долго време, морам повторно да ја слушнам.“

23-годишниот плејмејкер на Евробаскетот пред 2 години последен пат играше за Германија. Тогаш постигнуваше по 15.3 поени, 5.3 асистенции и 1.8 скокови во просек.