Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тигран Барсегјан, еден од најдобрите фудбалери на шампионот на Македонија останува верен на клубот.
Ерменецот со „црвено-црните“ стави потпис на нов двегодишен договор кој му истекува во 2019 година.
„За мене е чест што сум сум дел од Вардар, екипа во која што се работи максимално професионално и во која условите за работа и за напредок се одлични. Тука сме како една фамилија, функционираме сите како еден, и среќен сум што ќе останам во Вардар и во следните две години. Веќе една година сум дел од оваа екипа, која што ќе ми остане во вечно сеќавање бидејќи тоа беше мојата прва титула со Вардар. Благодарност до раководството, до стручниот штаб и до соиграчите за целата поддршка во текот на изминатата сезона, и јас ќе дадам се од себе и следните сезони да бидат со освоени титули. Посакувам да има уште многу победи, шампионски и Куп пехари, и, секако, успеси во Европа. Јас како и сите други со нетрпение ги очекуваме натпреварите од Лигата на шампионите. Ни останува само добро да се подготвиме за тој предизвик, и убеден сум дека секој ќе даде се од себе Вардар да направи успех и на меѓународна сцена. Се надевам дека тоа ќе биде ова лето и сите заедно да испишеме една успешна страница во историјата на клубот“- истакна Барсегјан за официјалниот сајт на клубот.
Тигран Барсегјан на 16 одиграни натпревари минатата сезона успеа седум пати да се радува на погодок.