Вардар ја доби групата во Лигата на Шампионите

Европскиот првак во ракомет, Вардар ги доби противниците во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Против вардарци ќе се соочат Кире Лазаров со својот нов клуб, како и Борко Ристовски со Барселона.

Вардар се наоѓа во групата А каде покрај Нант и Барселона се наоѓаат и ППД Загреб, Рајн Некар Левен, Пик Сегед, Висла Плок и Кристијанштад.

Во групата Б се наоѓаат Веспрем, Киелце, ПСЖ, Алборг, Мешков Брест, Целје, Фленсбург и Кил.