Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ без поголеми потешкотии се пласираше во четвртото коло на Вимблдон откако славеше над Летонецот, Ернест Гулбис.
Некогашниот тенисер број еден со 3:0 по сетови (6:4, 6:1, 7:6) славеше против Гулбис и си закажа дуел во четвртото коло со Адриан Манарино кој претходно го изненади Монфилс.
Србинот на моменти имаше проблеми против Гулбис, но на крајот успеа да слави со убедливи 3:0.
Од останатите натпревари кои денес беа на програмата, Томас Бердих без проблем со 3:0 по сетови славеше над Шпанецот, Ферер, додека пак младиот Александар Зверев исто така со 3:0 славеше победа против Офнер.