Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Постои шанса првиот натпревар од 3-то кфалификациско коло за Лигата на Шампионите, нашиот Вардар да го одигра на нашиот најголем стадион, Филип Втори во Скопје.
Веста ја пренесе нашиот единствен спортски весник „Македоснки спорт“ на својата интернет страница.
Стадионот во Струмица им донесе славје и успех на Вардар, но беше далеку под нивото, на кое треба да се одигра еден натпревар за Лигата на Шампионите, па затоа од Уефа ја разгледуваат опцијата дуелот против Копенхаген да се игра на „Филип Втори“ арената во Скопје.
„Во текот на денот ќе се знаат детали околу оваа информација, меѓутоа постои голема веројатност тоа и да се оствари. Првиот меч треба да се игра во Копенхаген, но со интервенција на УЕФА тоа би можело да се смени, па прво да се игра во Скопје, а реваншот во Данска. Секако ако ова се случи тоа ќе биде одлична увертира за УЕФА Суперкупот на 8 август на нашиот најголем стадион“, се вели во текстот на „sport.com.mk“.