Оклахома Тандер потпиша нов плејмејкер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште еден поранешен соиграч на Лонзо Бол од колеџ деновите си најде место во НБА лигата.

 

Брајс Алфорд, 22-годишниот поранешен играч на колеџот UCLA, на својот Инстаграм профил потврди дека потпишува договор со тимот на Оклахома Тандер.

Алфорд минатата сезона беше клучен дел од успехот на UCLA и она што го препорача на НБА тимовите беше неговиот одличен шут за три поени. Тој го сруши рекордот на неговиот колеџ за погодени тројки во една сезона со тоа што погоди 319 шута за три поени. Претходниот рекорд го држеше Џејсон Капоно, кој подоцна во НБА лигата беше и победник во натпреварот на шутирање тројки на Ол-Стар викендот.