Матиас Лезорт нов кошаркар на Црвена Ѕвезда


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Матиас Лезорт ќе ја продолжи кариерата во Црвена Ѕвезда каде ќе го направи и своето деби во ЕвроЛигата, откако го напушти францускиот Нантер.

 

На овогодинешниот драфт Матиас Лезорт беше одбран како 50 пик од страна на Филаделфија Сиксерс но клубот реши да го остави на “калење” во Европа. Тој денеска потпиша тригодишен договор со белградска Црвена Ѕвезда и ќе има шанса со црвено-белите да дебитира во ЕвроЛигата наредната сезона.

 

Ова е win-win ситуација за двете страни бидејќи на Лезорт му се нуди шанса да игра во подобар клуб каде ќе се натпреварува во Европа а на Ѕвезда и нуди млад талент по евтина цена, и плус, постои шанса да си ги вратат парите бидејќи во договорот постои откупна клаузула доколку Филаделфија сакаат да го донесат во НБА, назад во своите редови.