Ливерпул му порача на Јуве да си бара друг играч: „Емре Чан не е на продажба“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 



Англискиот Премиерлигаш Ливерпул ја одби понудата на Јувентус од 25 милиони евра за фудбалерот од средината Емре Чан.

Медиумите пренесуваат дека германскиот интернационалец е голема желба на тренерот на Јуве, Макс Алегри кој дефинитивно сака да го има во своите редови, но од Ливерпул пак му ставија на занење дека играчот не е на продажба.

Договорот на играчот истекува нареданта сезона, па затоа од италијанскиот гигант се наеваат дека би можеле да го купат за 25 милиони евра, но како што пренесуваат англиските медиуми Ливерпул нема лесно да се откаже од играчот кој е во плановите на Јирген Клоп.