Халил Јагањац и официјално во Металург


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Халил Јагањац кој десетина дена е во таборот на Металург, од денеска и официјално е нов ракометар на клубот.

Конечно е комплетирана целата документација, па еден од најдобрите млади ракометари во регионот од денеска е опција плус во тимот на Лино Червар.

Пред се, би сакал да кажам дека сум пресреќен што дојдов во Металург, бидејќи од повеќе причини сметам дека го направив најдобриот потег во мојата досегашна кариера.

Иако сум овде само неколку дена, одлично сум примен од моите нови соиграчи и од управата на клубот и веќе можам да ја почувствувам семејната атмосфера што владее во овој клуб, што за мене е многу важно.

Дојдов овде затоа што знам дека се работи за млада и амбициозна екипа, во која младите ракометари брзо и правилно се развиваат, екипа која игра во две, за мене, најсилни лиги на светот – Лигата на шампионите и СЕХА-лигата. Секако, една од најважните причини за моето доаѓање е и Лино Червар, кој е светски признат ракометен специјалист. Сметам дека ниту еден друг тренер не би можел повеќе да ме научи, да ме унапреди и да ме насочи во оваа фаза од мојата ракометна кариера.

Металург навистина се потруди за да ме доведе во своите редови и затоа сум му многу благодарен на клубот и на неговата управа и му се радувам на секој ден минат во Металург и во Скопје“- изјави Јагањац за клупскиот сајт.

Јагањац потекнува од Козала, а во Металург доаѓа од гигантот Пари Сен Жермен. Со тимот од Автокоманда бекот потпиша тригодишен договор.