Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако беа фаворити никој не очекуваше Шкендија со шест голови до врв да ја наполни мрежата на Работнички.
Избраниците на Ќатип Османи со 6:2 славеа на гостувањето во Ѓорче Петров против тимот на Работнички.
Шкендија поведе во 7.минута од белата точка откако Дурански играше со рака на самата гол линија и при тоа заработи директен црвен картон. Сигурен реализатор на пеналот беше Ферхан Хасани. По десет минути автогол си постигна Илиев, а поранешниот „романтичар“ Тодоровски зголеми на 3:0. Резултатот го намали Маркоски од пенал и така се замина на паузата.
На 3:2 намали новиот играч на клубот Чарлс Гофри по еден кикс на одбраната на Шкендија. Сепак потоа Шкендија постигна уште три гола и до врв ја наполни мрежата на Шишковски.
Вардар беше огромен фаворит на натпреварот против Скопје кој се играше на стадионот во Автокоманда. Сепак избраниците на Чеде Јаневски иако ја имаа иницијативата во текот на целиот натпревар не успеаја да забележат три бода. Вардарци дојдоа до водство преку Фелипе во 27. минута, но по едно недоразбирање меѓу Гачевски и играчите од одбраната, Џугурдиќ го изедначи резултатот. Тоа се испостави дека ќе биде конечен резултат на натпреварот и покрај јаловите напади на Вардар за да дојде до победа.
Резултати:
Победа- Академија Пандев 2:2
Силекс- Шкупи 0:1
Работнички- Шкендија 2:6
Скопје- Вардар 1:1