Лев го „пречкрта“ Озил од репрезентацијата


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Германците се фантастични во квалификациите за Светското првенство во Русија. Пред последните две кола од квалификациите имаат осум победи од исто толку натпревари со неверојатна гол разлика 35:2.

Сепак теоретски пласманот се уште не е обезбеден, Сверна Ирска има пет бода помалку од „панцирите“, а токму оваа репрезентација ќе биде домаќин на актуелниот светски шампион во Белфаст на 5.октомври.

Последниот натпревар Германија го игра против Азербејџан во Кајзерслаутерн на 8. октомври.

Селекторот Лев го соопшти списокот за тие натпревари, а на него го нема Месут Озил кој во последно време има проблеми со повредите.