Реал Мадрид ја донесе замената за Љуљ

Од таборот на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид мораа да најдат решение за испразнетата бековска позиција по повредата на нивниот најдобар играч, Серхио Љуљ.

Шпанскиот репрезентативец се повреди на подготовките за Евробаскетот и ќе отсуствува од терените најмалку шест месеци, па јасно беше дека Реал ќе мора на пазарот да бара замена.

По тој повод „Кралевите“ го ангажираа американскиот плејмејкер Чејсон Рендл кој е поранешен играч на Филаделфија и Њујорк Никс, а со Реал Мадрид потпиша договор на една сезона.