Вардарци летнаа за Сан Себастијан


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Експедицијата на Вардар утрово замина кон Сан Себастијан каде што утре ќе го играат четвртиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа против Реал Сосиедад.

Од редовите на Вардар се во очекување по првите бодови во второто по ранг клупско натпреварување во Европа.

Вардарци треба да пристигнат во Баскија околу пладне, а веќе во 18:30 часот треба да ја имаат и официјалната прес конференција. Веднаш потоа следи и тренингот на стадионот „Аноета“.