ВИДЕО: Несторовски не запира, повторно погоди за Палермо


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Јасно е зошто Маурицио Зампараини моли Игор Ангеловски да го ослободи од репрезентативните обврси Илија Несторовски и да го остави во Палермо наместо да му даде шанса да настапи во репрезентативниот дрес на натпреварот против Норвешка.

Несторовски на денешниот натпревар против Пескара во 13. коло од Серија Б постигна погодок со кој го донесе својот тим во водство во тој момент.

Ова е вкупно деветти гол за нашиот напаѓач во Серија Б со што стигна на втората позиција на листата на стрелците.