Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Македонскиот интернационалец во дресот на Славен Белупо, Мирко Ивановски продолжува со одличните партии во овој клуб.
Нашиот фудбалер уште еднаш беше спасител на тимот откако постигна два погодоци на првенствениот натпревар против Локомотива Загреб.
Ивановски најпрво во 71. минута го изедначи резултатот на 1:1 со глава по еден центаршут. Треба да се спомне дека голманот на Локомотива катастрофално реагираше и топката низ неговите нозе заврши во мрежата.
Вториот гол Ивановски го постигна од белата точка во 74. минута од натпреварот.
Со овие два гола Мирко Ивановски стигна до бројката осум погодоци во хрватскиот шампионат.









