Лопетеги го објави списокот на Шпанија за Мундијалот во Русија

Селекторот на Шпанија, Жулиен Лопетеги го соопшти списокот на повикани играчи за Светското првенство во Русија.

Од списокот недостасуваат Алваро Мората, Маркос Алонсо и Хектор Белерин, додека шанса добија Одриозола, Аспас и Родриго.

Предводник на Шпанците ќе биде Андрес Иниеста, а меѓу поискусните тука се и Серхио Рамос и Жерар Пике.

Повикани играчи

Голмани: Кепа, Де Геа, Реина

Одбрана: Дани Карвахал, Алваро Одриозола, Серхио Рамос, Жорди Алба, Жерард Пике, Начо, Начо Монреал, Цезар Аспиликуета

Среден ред: Серхио Бускетс, Саул, Коке, Тиаго Алкатара, Андрес Иниеста, Давид Силва, Иско, Марко Асенси, Лукас Васкез

Напад: Јаго Аспас, Родриго Морено, Диего Коста