Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо е главна тема овие денови, иако се игра Мундијалот во Русија. Јасно е дека Португалецот ќе го напушти Реал Мадрид.
Јувентус има неколку понуди, а прва и основна е продажбата на Даниеле Ругани и Гонзало Игуаин.
Аргентинецот би можел да донесе голем дел од парите за Роналдо, Челси е заинтересиран, а наводно денес бил постигнат договор.
Јувентус прифатил понуда од 60 милиони евра за Гонзало Игуаин од Челси, а остануваат преговорите помеѓу клубот и играчите кои ќе трае во наредните денови.
Игуаин е најплатен играч во Серија А со 7,5 милиони евра годишна плата, а таа сума не би била проблем за Челси, односно нивниот сопственик Роман Абрамович.