Ливерпул ја користи ситуацијата со Роналдо, па сака да го доведе Дибала


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Судејќи по се, Роналдо е близу до трансфер во Јувентус, а во италијанските медиуми почна да се шпекулира за иднината на Паоло Дибала.

Роналдо би требало да пристигне во Торино за околу 100 милиони евра, додека годишно во Старата дама би заработувал околу 30 милиони евра. Вакви сценарио се чини реално, а според пишувањето на Тутомеркато, ваквиот развој на ситуацијата ги поттикнал челниците на Ливерпул да пробаат да го ангажираат Паоло Дибала.

Наводно улогата на Аргентинецот е под знак прашалник во случај на доаѓање на Роналдо, па во Ливерпул решиле да се распрашаат за потенцијален трансфер на Аргентинецот.

Сепак, сево ова е на база на шпекулации, но не е чудно Дубала да побара нова средина во случај на реализирање на трансферот на Роналдо.