Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо вчера официјално беше претставен како нов играч на Јувентус, откако замина од Реал Мадрид по девет години.
Договорот помеѓу „Старата дама“ и „кралевите“ беше соопштен пред седум дена, но сè беше официјализирано дури вчера. Многумина беа изненадени од неговата одлука, но тој кажа дека воопшто не му било тешко да одбере.
Љубовта помеѓу Роналдо и Јувентус се роди пред неколку месеци, кога постигна одличен гол со „ножички“ во Торино. Тогаш Реал победи со 3-0, а тоа што го воодушеви фудбалскиот свет и самиот Португалец е аплаузот од навивачите на „бјанконерите“.
„Тоа беше навистина посебен момент. Секогаш цел ми беше во кариерата да постигнат таков гол, но не знаев дека тоа ќе биде против клуб во кој ќе играм подоцна. Тоа беше одличен гол и тоа што направи разлика во целата ситуација е аплаузот од навивачите. Тоа беше изненадување за мене, зашто не го очекував. Секогаш ми се допаѓаше клубот, но од тој момент се роди посебен однос. Тоа е една од причините поради која пристигнав тука“, објасни Роналдо.