Официјално: Вардар ангажираше одличен Бразилец!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вардар денеска ги заврши преговорите со Данило Бала Соуза Муниз и потпишаа двегодишна соработка.

Бразилецот во претходниот период настапуваше во Кампиненсе, а сега стана третиот бразилски интернационалец во редовите на „црвено-црните“.

„Дојдов во најтрофејниот клуб во Макеоднија. Со своите настапи сакам да му помогнам на клубот да ја освои титулата. Среќен сум што пристигнав тука и би бил среќен доколку во четврток се пласираме во наредната фаза во Лигата на Европа“, вели новиот играч на Вардар.

Бразилецот е трет играч од таа земја, кој ќе игра во Вардар по Вилијан Лира и Виктор Јуфо.

Фото: фквардар.мк