Официјално: Хамилтон потпиша нов договор со Мерцедес!

Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, го продолжи договорот со Мерцедес до крајот на 2020. година.

Англискиот возач беше четири пати шампион во Формула 1, а ќе остане уште најмалку две сезони во Мерцедес.

„Продолжувањето на соработката е само формалност, се договоривме уште во зима, а сега ќе продолжиме во ист ритам. Се радувам што продолжувам во Мерцедес“, вели Хамилтон.

Хамилтон со 65 победи во кариерата е втор најдобар возач во историјата, зад легендарниот Михаел Шумахер.