Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, го најде виновникот за големиот пораз од Ливерпул (1-4), а тоа се судиите.
Дури и во пријателските натпревари Мурињо наоѓа изговори за лошите игри.
„Судиите се тука по грешка. Тие мислеа дека ова е бејзбол, а всушност се играше фудбал. Атмосферата на стадионот беше добра, но јас да сум навивач не би дал пари за ваква игра на двете екипи“, вели Мурињо.
Инаку, Мурињо во Америка и понатаму игра без ѕвездите кои настапуваа на Мундијалот, иако на располагање ги има Алексис Санчез, Хуан Мата, Андер Ерера, Ерик Бејли, Фред, Лук Шо…