Манчестер во големи проблеми: Мурињо нареди ѕвездите да се вратат од одмор!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жозе Мурињо знае дека има големи проблеми во екипата и мора да се вратат фудбалери кои се на одмор бидејќи настпауваа на Светското првенство.

Манчестер јунајтед игра катастрофално на турнејата во Америка, а многумина ги налути таквата игра, но не може да му се налутат на Португалецот бидејќи дури 17 играчи не се повикани за пријателските натпревари.

Први кои решија да се вратат порано од одмор се Маркус Рашфорд и Фил Џонс, кои ќе се обидат да му помогнат на Мурињо.

„Се надевам дека сите ќе го следат примерот на Рашфорд и Џонс и ќе се вратат порано за да ни помогнат“, вели Мурињо.