Поранешен светски шампион во атлетика почина на 29 години


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кениецот Николас Бет, поранешниот светски шампион во трка на 400 метри со пречки, почина на 29 години поради последици од повреди добиени во сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила во Нанди, на северот на Кенија, само еден ден откако атлетичарот се врати од првенството во Африка.

Инаку, Бет во 2015. година стана првиот Кениец, кој го освои златниот медал на Светското првенство на трките пократки од 800 метри.

Во кариерата има освоено уште две бронзени медали на континенталните шампионати на Африка.