Хит на Твитер: Кошаркар од Србија „настрада“ поради Никола Калиниќ! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Калиниќ има големи проблеми зашто го има името и презимето како хрватскиот репрезентативец.

Последните недели Калиниќ, кој настапува за Милан, беше главна приказна во медиумите откако замина од Светското првенство.

Голем број навивачи на Хрватска беа разочарани со неговото однесување, па решија да го навредуваат на социјалните мрежи, но тие го згрешиле профилот и го критикувале кошаркарот.

Кошаркарот реши да биде саркастичен и да напише дека потпишал за Атлетико, со кој хрватскиот напаѓач во последно време се поврзува.

„Јас сум фудбалер, сите додајте ме за пријател. Потпишав за Атлетико Мадрид“, напиша српскиот кошаркар, кој еден час подоцна доби стотина пораки.