Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Летниот преоден рок во Шпанија уште не е завршен, па се шпекулира дека постои можност Иван Ракитиќ да замине во Германија, односно Баерн Минхен.
Ракитиќ играше фантастично на Светското првенство во Русија, но и во дресот на Барселона и има многу екипи кои го сакаат во свои редови.
Еден од најзаинтересираните тимови е Баерн Минхен, кој го предводи Нико Ковач. Управата на германскиот гигант подготвуваат примамлив договор за Ракитиќ.
Клупската политика на Баерн е таква што никогаш не даваат премногу пари зза фудбалери кои се на крајот од својата кариера. Рекордната сума потрошена е 41,5 милиони евра за Толисо од Лион, па споменуваните 125 милиони евра за Хрватот делуваат невозможно.