Емери на голема мака: Стигна понуда за напаѓач на Арсенал, но тој не сака да замине!?

Преодниот рок во Англија заврши минатата недела, но клубовите имаат право да продаваат играчи на клубовите, каде што уште им трае преодниот рок.

Арсенал ќе продава неколку играчи, а англиските медиуми пишуваат дека Унај Емери сака да се ослободи од пет играчи, меѓу кои е и Дени Велбек.

„Мирор“ утринава објави дека Емери му кажал на Велбек дека нема да смета премногу на него во сезонава, зашто предност во нападот имаат Пјер Емерик Обамејанг и Александре Лаказет. Сепак, проблем претставува фактот дека Велбек не сака да замине.

Наводно, интерес за напаѓачот на Арсенал покажал турски Галатасарај кој сака во наредните денови да го реализира трансферот.