Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До крајот на преодниот рок, Баерн Минхен судејќи по се ќе остане без Жером Боатенг.
Овој дефанзивец во неколку наврати пред медиумите изјави дека е спремен за нови предизвици после седум години поминати во Баерн, а како следна станица се споменува ПСЖ.
Парижаните се спремни да го одврзат кесето како би успеале да го донесат Боатенг, а дека трансферот е навистина возможен потврди и претседателот на Баерн, Ули Хоенес.
,,Постојат реални шанси трансферот да се оствари. Жером изјави дека сака да си оди. Ќе се однесуваме согласно со тоа и ќе донесеме замена”- изјави Хоенес за германските медиуми.
Германскиот репрезентативец пристигна на Алијанз Арената пред шест години од Манчестер Сити и досега со Баерн освои премногу трофеи, но сега е желен за нови предизвици и не го крие тоа.