Модриќ: Никогаш не сакав да си заминам


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Лука Модриќ инсистира дека не бил ни блиску до заминување од Реал Мадрид, нешто што го шпекулираа голем број медиуми.

32 годишниот фудбалер беше избран за најдобар играч во Европа за сезоната 2017/18, а по добивањето на наградата даде искрен коментар за неговото наводно заминување од „Бернабе“.

Запрашан колку блиску бил до заминување од Реал Мадрид, Лука Модриќ одговори:

„Не бев. Јас сум во најдобриот клуб во светот, токму таму каде што сакам да бидам. Многу сум среќен тука и тоа е се. Сакам да продолжам добро да работам, како во претходните шест години“ –коментираше Модриќ.