„Кошаркар како Дончиќ се раѓа еднаш во 20-30 години!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Плејмејкерот на Реал Мадрид, Серхио Лул, зборуваше за Лука Дончиќ, својот поранешен соиграч.

„Секако дека би сакал да се пензионирам во дресот на Реал. Имаме договор и се радувам на наредната сезона, се надеваме дека ќе биде одлична како и претходната во која станавме шампиони на Европа и Шпанија“, кажа 30-годишниот Лул.

Лул го коментираше и заминувањето на Дончиќ во НБА-лигата во која наредната сезона ќе игра кај Далас маверикс.

„Лука не може да го замени еден играч затоа што Лука е единствен играч, таков како него се појавува еднаш на 20-30 години“, кажа искусниот кошаркар.