Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Спорт Билд“ пренесува дека Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе водат жестока битка за потписот на францускиот репрезентативец и член на Штутгарт, Бенжамин Павар.
Весникот пренесува дека засега Павар сака да остане во Германија и дека би одбил евентуална понуда од тимот на Реал Мадрид и би се решил да се пресели на „Алијанц Арена“.
Сепак, се уште е рано за отпишување на „Кралевите“ во трката за овој фудбалер бидејќи наводно биле подготвени да издвојат значителна сума на пари за неговата плата.
22 годишниот десен бек блесна на Светското првенство во Русија кое го освои токму репрезентацијата на Франција.