Изненадување во Минхен, нова „нула“ за Мурињо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со вечерашните натпревари беше комплетирано првото коло од Лигата на шампионите во групите Е, Ф и Х.

Во групата Е видовме доста возбудувања во текот на вечерните натпревари. Одличен натпревар во Атина одиграа АЕК и Бенфика, а на крајот славеше португалскиот тим со 3:2. Бенфика имаше водство од 2:0, но домашниот тим се врати со два гола за десет минути. Сепак, на крајот Бенфика се радуваше затоа што Семедо погоди во 74. минута за конечни 3:2.

Во истата група Ајакс направи изненадување ремизирајќи со Баерн Минхен на „Алијанц Арена“. Хумелс ги донесе Баварците во водство уште во четвртата минута, а на 1:1 израмни Мазрауи во 22. минута.

Во групата Ф, Лион избегна домашен пораз од Шахтјор. Гостите од Украина водеа со 2:0 со головите на 31. годишниот Мораеш во 44. и 55. минута, но Дембеле и Дубои во само две минути донесоа реми за францускиот тим.

На „Олд Трафорд“ пак како по обичај видовме здодевен натпревар без погодоци. Со ова реми уште повеќе ќе се затресе тренерското столче на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.