Побуна во Минхен против Ковач


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата од Минхен, Баерн, се наоѓа во резултатска криза, а на крај поради тоа би можел да плати хрватскиот тренер Нико Ковач.

Најголемиот германски клуб синоќа во Лигата на шампиони одигра со 1:1 со Ајакс, а тимот веќе три натпревари е без победа.

Меѓутоа според пишувањето на Билд против Ковач веќе почнала побуната од страна на фудбалерите. Хумелс, Џејмс Родригез и Мартинез јасно го искажале своето незадоволство поради честите ротации внатре во тимот и сакаат на друг начин да се води екипата.

Хумелс наводно е лут бидејќи Ковач го критикувал после ремито со Аугсбург во првенството и му смета тоа што хрватскиот тренер го смета за слаб играч во одбраната на тимот.

Лут е и Џејмс Родригез. Тој синоќа пред сите побегна од стадионот и според тврдењата на Билд, причината е тоа што ,,старците” Рибери и Робен се претплатени во првиот состав на тимот.

Ковач се наоѓа пред голем предизвик да го смири незадоволството на фудбалерите. Сигурно ваквите работи не му одат во прилог на хрватскиот тренер кој ја откри целата тежина за водење на еден великан во светскиот фудбал.

Работата во помал клуб е многу полесна, но Баерн е едноставно Баерн и тоа Ковач го дозна на потежок начин.