Проектил на Енис Барди за првенец за Леванте оваа сезона (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го постигна својот прв гол во дресот на Леванте за оваа сезона.

Играчот од средниот ред во свој стил упати проектил од слободен удар и ја затресе мрежата на Гетафе во 60. минута.

Барди поради настинка го пропушти претходниот натпревар на клубот од Валенсија, а сега на најдобар можен начин се врати на терените.