Нов спектакл на повидок: Нурмагомедов го предизвика Мејведер (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


УФЦ-борецот Хабиб Нурмагомедов неодамна го одбрани појасот во лесна категорија со победа против Конор Мекгрегор во Лас Вегас.

А ние би можеле да гледаме нов спектакл бидејќи Нурмагомедов сега го предизвика Флојд Мејведер и сака да се пресметаат во рингот.

„Подготвен сум на борба: 50-0 против 27-0. Двајцата немаме загубено. Зошто да не? Ајде! Во оваа џунгла има само еден крал. Го победив Конор. И тоа го направив лесно“, порача Нурмагомедов.